Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци го продолжија победничкиот поход, нова “жртва“ беше Пик Сегед

Вардарци го продолжија победничкиот поход, нова “жртва“ беше Пик Сегед

DSCN1753

Нашиот шампион го продолжи победничкиот поход во новата сезона. По тешка борба со Унгарскиот вицепрвак успеавме да го забележиме вториот триумф во лигата на шампионите. Натпреварот започна со голот на Дибиров со удар од сеум метри. Вардарци имаа постојана предност во првата половина на мечот. Највисокото водство го достигнавме во 14 минута, кога со голот на Карачиќ за прв пат имавме позитива од три голови 7:4 во 14 минута. Штербик беше одличен на голот и до овој период забележа пет успешни интервенции. Единствен расположен играч кај противникот беше крилото Калман, кој постигна три од вкупно четирите голови за Пик Сегед до тој момент. Најопасниот нивни играч Деан Бомбач беше целосно сопрен од нашата одбрана, не успевајќи се уште да го совлада Штербик. Следува период кога црвено-црните не успеват цели десет минути да го пронајдат патот кон голот на Сиера, кој е најзаслужен што Унгарците го вртат целосно резултатот во своја корист. Словенецот Бомбач го постигнува својот прв гол од пенал, за израмнување на резултатот 7:7. Прво водство за гостите носи бекот Анчин, за резултат од 7:8 во 21 минута од дуелот. Конечно ние погодуваме, стрелец Дибиров по претходно одлична асистенција од Душебаев. Пик Сегед повторно ја враќа предноста, но овој пат за нивни највисоки два позитива 9:11. Гонзалес се решава да повика тајмаут и да ги смири неговите момци, кои до крајот на првиот дел со два гола на Циндриќ го израмнуваат резулатот на 11:11, со кој се замина на пауза.

Вториот дел започнува  без погодок цели четири минути на двете страни, Штербик продолжува со одлични одбрани што му овозможува на Дибиров да погоди за 11:12 и повторно да ја вратиме предноста. Следува ерупција на трибините, на теренот го гледаме вистинскиот Вардар кој заигрува многу подобро. Игор Карачиќ повторно ги враќа оние три гола позитива од почетокот на мечот, за резултат 14:11. Заигруваме поцврсто во одбраната успеваме да ги неутрализираме нивните бекови, тоа ни овозможува брз контра-напад кој во гол го претвара Шишкарев. Во 38 минута имаме најголеми четири гола предност 17:13. Следуваат неколку грешки на двете страни, со неколку промашени зицер позиции, црвено-црните во тој период ја одржуваат разликата од 3-4 голови. На трибините станува се пожешко, иако недостасуваа најверните Комити, без кои нашиот Вардар не е оној истиот. Тоа се почуствува на моменти кога на екипата не и одеше најдобро. На радост на публиката по дого време се враќа Страхиња Милиќ, кој успева да одбрани удар од седум метри. Во 49 минута со голот на Марсениќ стигнуваме до најголема позитива од пет голови 22:17. Ова беше клучниот период за тоа кој ќе биде конечниот победник. Душебаев со својот четврти погодок става точка на овој дуел. Пик Сегед не успеа повторно да се врати на мечот, нашиот шампион ја забележа втората победа во најголемото ракометно натпреварување. Конечниот резултат гласеше 27:23.

Штербик беше повторно еден од најзаслужните за триумф на Вардарци. Најефикасни во нашиот состав беа Карачиќ со 5 голови. Дибиров, Циндриќ и Душебаев постигнаа по 4.