Вардар однесе уште една победа во лигата на шампионите втора оваа сезона , а прва пред својата публика. Мечот беше тежок, голема борба се водеше за секоја топка на теренот. По мечот на прес конференцијата своите впечатоци ги искажа шефот на стручниот штаб на црвено – црните Раул Гонзалес и голманот на вардарци Штербик. Шпанецот во своето обраќање по мечот рече:
-Беше многу тешко затоа што Сегед е добар тим кој е предводен на клупата од одличниот Пастор. Стартувавме лошо во првото, но во второто полувреме се подобривме. Со добрата одбрана и со сигурен напад дојдовме до триумф. Штербик беше одличен меѓу стативите, контранападот фунционираше онака како што треба, по што изградивме сигурна разлика од 5 гола која ја одржувавме константно. Раул изрази и задоволство од двете победи и првото место на табелата.
Херојот на овој дуел голманскиот џин Арпад Штербик кој беше најдобар поединец на теренот, во своето обраќање на прес конференцијата рече :
Знаев дека ќе биде тежок натпревар. На теренот имавме можност да видиме две екипи со ист квалитет , и стил на игра . На почетокот на мечот се одвоивме од противникот ,но тие подоцна направија пресврт. Го познавам многу нивниот тренер Пастор и Пик Сегед и знаев дека ќе биде тежок дуел. Сепак среќен сум што на крај победивме истакна Штербик на прес-конференцијата.