Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Успешен црвено – црн викенд!
Успешен црвено – црн викенд!

Успешен црвено – црн викенд!

Фудбалерите и ракометарите на Вардар го заокружија овој викенд успешно. Нашиот ФК Вардар на домашен терен дојде до победа против Работнички од 2:1. Натпреварот започна неуспешно за нашиот тим, први поведоа гостите од Дебар маало, а потоа вардарци направија целосен пресврт, за нова победа против Работнички за неколку дена. Изедначувачкиот гол за Вардар го постигна Филип Ивановки уште на почетокот од вториот дел, додека пак целосен пресврт донесе Горан Попов во 92 минута од натпреварот, за три победа на контото на нашиот тим.

Додека пак ракометарите на Вардар се погрижија за успешен црвено – црн викенд. Во рамките на второто коло во ЛШ денеска беше совладана унгарската екипа на Пик Сегед со резултат 27:23. Како и на натпреварот во Франција, така и на денешниот, нашите момци го добија натпреварот во вториот дел, кога ја направија клучната разлика. Очекуваме овој позитивен викенд за вардарци да продолжи и наредната недела. Инаку мало потсетување: ФК Вардар в среда игра меч од Купот на РМ, и тоа против Пелистер.

Девојките од нашиот женски ракометен колектив имаа две контролки викендов со репрезенацијата на Данска. Двата меча се одиграа во С.Ц Јане Сандански и на двата тест-дуела нашите девојки издвојуваа победа во првиот со 34:30 , а во вториот победија поубедливо со резултат 35:26.

Фото: rkvardar.mk