Утре на теренот во населбата Јане Сандански, заостанатото 6.првенствено коло ќе го одиграат кадетите и младинците на фудбалскиот клуб Вардар, кои за противник ја имаат екипата на Шкупи.
Со триумфот во саботата против Брегалница, вардаровите кадетите ја прекинаа серијата од три последователни порази и на тој начин стигнаа до третата победа во кадетската Супер лига. Интересно, утрешниот противник е единствениот кој е без победа во лигата, екипата на Шкупи има само еден освоен бод и се наоѓа на последното место на табелата. Мечот на кадетските екипи започнува во 09:00 часот. Со триумф, Вардар ќе ја намали негативата на седум бодови, во однос на првопласираната Шкендија.
Младинците на Вардар се наоѓаат во победничка серија од три меча, која треба да продолжи и на утрешниот дуел против екипата на Шкупи. За разлика од кадетите, младинците на Шкупи високо котираат, на 4. место на табелата со 12 освоени бодови. Доколку црвено-црните ги освојат трите бода, ќе се доближиме на само три бода негатива од екипата на Шкендија, која се наоѓа на првото место на табелата. Натпреварот на младинските екипи на Вардар и Шкупи стартува од 11:00 часот.