Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Давид Стојкоски – Преку “Јуниор„ лигата до успешен голман во кадетскиот тим на РК Вардар
Давид Стојкоски – Преку “Јуниор„ лигата до успешен голман во кадетскиот тим на РК Вардар

Давид Стојкоски – Преку “Јуниор„ лигата до успешен голман во кадетскиот тим на РК Вардар

Од “Јуниор“ лигата започнува успешната приказна за уште еден млад ракометар. Давид Стојкоски кој моментално е голман во кадетската и младинска екипа на Вардар имаше можност да биде дел од големиот проект на ракометниот клуб Вардар и да го почуствува натпреварувачкиот “дух“ на “Јуниор„ лигата. Потекнува од ракометната школа, Кале од Кичево која е редовен учесник во “Јуниор“ лигата и важи за една од најуспешните учесници во ова натпреварување. Стојкоски на два пати успева да го добие признанието за најдобар голман на завршните турнири во “Јуниор“ лигата, а неговиот потенцијал и квалитет е препознаен од стручните лица во Вардар, кои одлучуваат од минатата сезона да го вклучат во генерацијата на Вардар, родени 2002/03 година. Во следново интервју ве запознаваме со кичевчанецот и голман на кадетската и младинска екипа на Вардар, тоа е Давид Стојкоски.

vardarfans-rk-kale-vardar-660x330

1. Давид, колку “Јуниор“ лигата ти помогна да се развиеш во добар млад голман и што беше пресудно за да преминеш во Вардар?

-Бев голман во “РШ КАЛЕ – Кичево, чии тренери се  Ѓорко Маркоски и Драган Кузманоски“ кога започна Вардар Јуниор лигата. Се учествуваше од самиот почеток во лигата и како екипа бевме секогаш во најдобрите а јас во два наврати бев избран за најдобар голман. Токму овие признанија кои беа резултат на мојата напорна работа и добрата работа на тренерите во РШ КАЛЕ – Кичево придонесоа да бидам повикан во екипата на “ВАРДАР“ (генерација 2002/2003) кај извонредниот тренерски стручњак, Андријана Будимир, личноста која најмногу сакаше да бидам дел од нејзиниот тим.

13315729_1223421227676615_5747884706254678893_n

2. Како се случи преку настапите од “Јуниор„ лигата да се приклучиш во младинските екипи на најдобриот клуб, не само во Македонија туку и во Европа ?

– Секоја утакмица што ја игравме во “Јуниор„ лигата беше следена од стручни лица од Вардар на кои и целта највероватно им била да ги откријат талентираните играчи и им овозможат напредување во нивната кариера со превземање во младинските екипи во РК Вардар. Тоа се случи и со мене.

vardarfans-naslovna3-660x330

3. Вашата генерација која ја предводи Будимир, минатата сезона беше единствената машка младинска екипа на Вардар која успеа да стане шампион и тоа во пионерската лига. На што се должеше успехот на вашиот тим ?

-Успехот се должи на целата екипа подеднакво почнувајќи од тренерот ,играчите и сите останати членови во тимот. Пред се Тренерот кој со својата голема стручност знаеше како да ги распореди коцките и на тренинзи и на терен, да тоа испадне така како што беше, напорната работа на секој играч исто така беше клучна за успехот кој го постигнавме.

kadetite-gi-pochnaa-podgotovkite-170711

4. Во кадетската лига, Вардар заедно со Прилеп е единствениот тим кој после одиграни 7 кола има максимален број на освоени бодови. Колку сте задоволен од досегашниот тек на сезоната и веруваш ли во нов успех на оваа генерација ?

-Така и ќе продолжиме само со победи. Задоволен сум од прикажаните игри на мојот тим, но знам дека можеме и подобро. Се надевам дека на крајот ќе завршиме како први во кадетската лига без изгубен бод и со тоа ќе го повториме успехот од минатата сезона.

5. Изминатиов викенд високо триумфиравме во дербито на кадетската лига, против Металуг кој е еден од вашите конкуренти за трофејот. Победата беше изразена со дури 13 голови, дали очекувавте понеизвесен меч или конечниот резултат е реален ?

284

- Со оглед на тоа дека се работи за многу добар тим и наш голем ривал не би рекол дека очекував победа со голема разлика, а победа секако дека очекувавме, бидејќи знаеме како се подготвуваме за секој натпревар, без разлика кој е противникот. Одигравме перфектно во текот на сите 60 минути, иако се очекуваше поголем отпор од страна на Металург, не се случи такво нешто па на крајот ја целосно го заслуживме високиот триумф. 

44610458_278354836123552_5226454004950630400_n

6. На дербито со Металург имавте вкупно 7 одбрани и бевте еден од играчите кои остави впечаток кај нашиот медиум кој го пратеше овој дуел. Колку сте вие задоволен од вашата моментална форма ?

-Задоволен сум од самиот себе и од настапот во дербито против Металург, но знам дека можам уште многу подобро и се надевам дека ќе ве убедам во тоа. На формата се работи континуиранo, колку повеќе си на терен (тренинг, утакмица, теретана и сл) толку формата се зголемува. Се работи на тоа.

44528265_501284893724236_8714594252534841344_n

7. Како е да се работи со Будимир, која ја знаеме како играч која имаше долга и богата играчка кариера. Каква е како тренер, но и како личност надвор од теренот ?

-Немам зборови за Андријана Будимир, пред се како една личност која знае да се постави родителкски добро, бидејќи јас сум од друг град, а се знае како е да си одделен од најблиските. Како тренер знае што сака и како да го постигне тоа. Се работи на нај високо професионално ниво, колку што сум имал прилика да гледам како работат прави професионалци. Секако дека најголема заслуга има тренерот Андријана Будимир, нејзини се “нотите“ а ние треба само да отсвириме како што е напишано.

vardarans-sostav-kadeti-mladinci1-660x330

8. Имате можност подеднакво да играте и во младинската лига, каде се натпреварувате со повозрасни и поискусни екипи. Како се одразуваат овие натпревари на вас и дали е тоа едно големо искуство ?

-Со играњето во младинската лига се стекнуваме со едно големо искуство за понатамошнит тек на нашата екипа. Тешко е да се игра со повозрасни екипи, но стекнатото искуство многу добро се одразува во играта со своите врсници. Се бориме машки и со повозрасните кои имаат поголемо искуство и физички предиспозиции, не се даваме така лесно. Како што знаете двата меча во младинската лига ги загубивме минимално, на следниот се надеваме дека ќе победиме, истакна Давид Стојкоски.

Звонко Ивановски