Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > За само четири дена, Вардар ќе одигра два дуели со екипата на Брест Мешков
За само четири дена, Вардар ќе одигра два дуели со екипата на Брест Мешков

За само четири дена, Вардар ќе одигра два дуели со екипата на Брест Мешков

Во следниве денови активна ќе биде ЕХФ неделата, во која дури 11 играчи на РК Вардар ќе настапат за своите репрезентации на квалификациските мечеви за пласман на Европското првенство во 2020 година. Моментално од играчите што останаа во Скопје да тренираат се, Скубе, Гедбан, Војводиќ, Борозан, Дисингер, Недановски, Фереира и Чупиќ.

После завршување на ЕХФ неделата ќе нема многу одмор за репрезентативците на Вардар кои ќе мораат да се вратат во Скопје и да се подготвуваат за продолжетокот од сезоната. За четири дена, избраниците на Гарсија Парондо ќе одиграат два натпревари со екипата на Брест Мешков. Најпрво на 30-ти октомври во рамките на СЕХА-лигата, црвено-црните гостуваат во Белорусија, додека на 3-ти ноември, Вардар во С.Ц. Јане Сандански ќе го пречека тимот на Брест Мешков, на натпревар од 6.коло на најсилната група А од Лигата на Шампионите. Овие мечеви се шанса за вардарци да се вратат на победите и во двете натпреварувања, откако ги загубија последните дуели во СЕХА и Лигата на Шампионите.

На последните мечеви во СЕХА, екипата на Брест Мешков игра претежно со младинци, па отука избраниците на Каденас имаат и половичен успех во ова натпреварување од 3 победи и 3 порази и се наоѓаат на 5.место на табелата. Шампионот на Белорусија одлично ја стартуваше сезоната во ЛШ, со две последователни победи, но потоа следеше лоша серија од три порази за Мешков.

На дуелите со Брест Мешков, се очекува во составот на Вардар да го видиме и најновото засилување од Германија, се работи за Кристијан Дисингер.