Кадетите и младинците на ФК Вардар имаа успешен старт на пролетниот дел од сезоната, откако успеаа да слават на гостувањето во Драчево, против екипата на Шкупи. Ова беа и први победи за Горан Петрески и Сашо Тодоровски, како нови тренери на кадетскиот и младинскиот состав.
Кадетите на Вардар успеа да слават со резултат 0:2. Мартин Спировски беше играчот кој успеа да погоди во последната минута од првиот дел и на голема радост да донесе водство од 0:1. Победата во вториот дел,во 80 минута ја потврди Леонид Игнатов, за конечни 0:2 на овој дуел.
Вардар: Китановски, Ѓурковски, Николов, Митревски, Бојковски, Цури, Игнатов, Ристовски, Спировски, Андоновски, Хасановиќ.
Во игра влегоа уште и Попоски, Ангелковски. Т.Мирчевски, В.Мирчевски и Рушити.
Младинците на Вардар исто така однесоа победа, од 1:3, иако тимот на Шкупи беше тој кој го отвори резултатот. Екипата од Чаир поведе уште во 3.минута од дуелот кога противничкиот играч дегажираше една топка, која стигна до нашиот шеснаесетник, никој од нашите играчи, не ја допре, топката стигна до еден од играчите на Шкупи, кој го совладува Андов за предност од 1:0. Во 40 минута, Вардар успеа да го израмни резултатот на 1:1, со голот на Фитор Реџепи кој од прекин бие силно по земја, за израмнување на 1:1. Избраниците на Рап Тап имаа можност уште по првиот дел да направат резултатски пресврт, но Стефан Наумчески не успеа да погоди од зицер позиција, после една мешаница, после изведен корнер. На полувреме резултатот беше израмнет 1:1.
Нашите младинци доминираа во текот на целото второ полувреме и таква игра ја крунисаа со два гола. Во 55 минута после нафрлена топка од Божиноски, играчот на Вардар, Мустафа Јусуф ја прибира, бие прецизно за прво водство од 1:2. Во 70 минута успеавме да зголемиме на 1:3, и тоа повторно на асистенција од Божиноски, овој пат срелец на голот е Давид Велковски, кој ги постави конечните 1:3 на овој меч.
Вардар: Андов, Радевски, Петковски, Наумчески, Стојчески, Ѓорѓиески, Пешевски, Реџепи, Јусуф, Велковски, Божиноски.