Денес во салата “26 Април“ во Гевгелија, тимот на ЖРК Вардар гостуваше кај истоимениот женски тим на дуел од првото пролетно коло во Супер лигата. Избраничките на Симовски, Ристова и Царчев успеаа да победат третти пат за десет дена кај истиот ривал. Домашната, екипа ја совладавме минатата среда во младинската лига, додека во саботата и во 1/4-финалето од Купот на Македонија. Победата денес дојде со пресврт во вториот дел, по првиот дел губевме со четири гола, на крајот победивме си исто толку, односно надокнадивме осум погодоци. Триумфот дојде со резултат 21-25.
Првиот дел започна со водство на домаќинот, ние со погодоците на Трпевска и Костовиќ успеавме да поведеме прв пат со 1-2. Домаќинот успеа да пројде во водство со 3-2, и истото го држеше се до крајот на првиот дел. Ние иако се трудевме да изедначиме никако не успеавме, постојано ривалот успеваше да биде чекор пред нас и на одмор замина со четири гола позитива. Тие првиот дел го добија со 13-9, резултат кој требаше да се брка во вториот дел од страна на црвено-црните девојки предводени од Симовски и Царчев на оваа средба.
Вториот период од 30.минути започна со гол на Трпевска Ивона која намали на 13-10 во првиот напад. Заигравме поангажирано во продолжение со серија 2-6 успеавме да направиме пресврт и конечно ние да поведеме по пауза од над 35.минути. Црвено-црните дами имаа предност со гол над ривалот 15-16. Противникот повторно се обиде да влезе во ритам и изедначи на 17-17, но повторно ние доминиравме во одбраната и со серија 1-4 отидовме на клучни 18-21 предност која подоцна се покажа како клучна за победа. Умно со игра гол за гол во последните минути го првиведовме дуелот кон крај, па победата дојде со резултат 21-25.
На овој дуел кај нас голманот Јована Трајкоска имаше добра партија со 20 одбрани, по шест гола имаа Ивона Трпевска и Андра Седлоска, четири гола имаше Костовиќ Ангела, дуелот со три погодоци го заврши Ана Марија Божиновска.