Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. „2008“ се пласираше во големото финале на турнирот „Пандев Куп“
ФК Вардар генер. „2008“ се пласираше во големото финале на турнирот „Пандев Куп“

ФК Вардар генер. „2008“ се пласираше во големото финале на турнирот „Пандев Куп“

Генерацијата на ФК Вардар родени „2008“ година успеа да се пласира во големото финале на турнирот „Пандев Куп 2019“

Најпрво во четвртфиналето, утрово избраниците на Влатко Колев се сретнаа со екипата на Драчево Пандев која ја совладаа со резултат 4:1. Илија Митаноски беше играчот кој донесе водство за нашиот тим од 1:0. Вардар беше подобриот тим на теренот, покрај головите имавме уште неколу изгледни шанси за погодок. Петар Блажевски игра одлично на овој турнир, и денес се запиша во листата на стрелци,, токму со неговиот гол успеваме да поведеме со 2:0. Ненад Дамјаноски беше играчот кој успеа да го зголеми резултатот на 3:0. Во следниот период, екипата на Драчево Пандев успеа да постигне почесен гол и да намали на 3:1, додека конечните 4:1 на овој 1/4 финален меч со вториот гол денес ги постави Петар Блажевски.

Во полуфиналето се сретнавме со домашната екипа на Академија Пандев, која ја совладавме со резултат 2:0. Првиот гол беше дело на Александар Грашески, на асистенција од голманот Лука Грчевски кој дегажираше топка од својот гол, стигна до Грашевски, овој умешно погоди за предност од 1:0. Вториот гол на мечот беше дело на Ненад Дамјаноски, за конечен триумф од 0:2.

Големото финале на турнирот кај генерацијата „2008“ ќе се одигра во текот на утрешниот ден.