Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите и младинците на ФК Вардар, против Металург во 20 првенствено коло
Кадетите и младинците на ФК Вардар, против Металург во 20 првенствено коло

Кадетите и младинците на ФК Вардар, против Металург во 20 првенствено коло

Полека се ближи крајот на сезоната во првенството на младинските фудбалски категории. Утре на теренот во Марино, своите натпревари од 20 коло ќе ги одиграат кадетите и младинците на ФК Вардар. Противник ќе ни биде екипата на Металург. Пионерските екипи своите мечеви ќе ги одиграат на 12-ти мај, поради настап на Металург на меѓународен турнир.

-Натпреварот помеѓу Вардар и Металург, во конкуренција на кадети според пласманот на табелата ќе биде вистинско дерби. Мечот ќе започне во 10 часот. Двете екипи се наоѓаат во борба за титулата, иако шансите за такво нешто се многу поголеми за екипата на Вардар. На три кола до крајот лидерското место го држи екипата на Шкендија која има 44 освоени бодови. Црвено-црите се втори со 42, додека третото место со вкупно 40 бода му припаѓа на Металург. На првиот натпревар одигран во есенскиот дел, тимот од Железара на својот терен победи минимално со резултат 1:0, со погодок во второто полувреме. Според моменталната форма, избраниците на Влатко Колев се фаворити во пресрет на утрешниот натпревар. Само со победа би ги задржале шансите за титулата со екипата на Шкендија, која пак не би требало да има проблеми во Тетово со екипата на Прилепска Победа.

-Младинците на Вардар имаат нерасчистени сметки со екипата на Металург од есенскиот дел, каде беа поразени на гостувањето со убедливи 5:1. Тоа беше и најголемиот пораз оваа сезона за црвено-црните, кои споменатиот натпревар го играа 75 минути со играч помалку. Од тогаш работите многу се сменија за двете екипи. Црвено-црните имаат големи шанси да ја освојат титулата, додека тимот од Железарница е цврсто закован на претпоследното место на табелата. Големо значење ќе има овој дуел за избраниците на Љупчо Марковски, кои со триумф речиси ќе бидат на чекор до освојување на шампионската титула. Голем хендикеп за Вардарци ќе биде неиграњето на еден од своите најдобри играчи, голгетерот Виктор Димков кој се повреди при настап за Македонската репрезентација до 18 години, на турнир во Словачка. Натпреварот ќе започне во 12 часот.