Долг беше патот за Вардарки кон учество на третиот последователен завршен турнир во лигата на шампионите. Сезоната ја започнавме со пораз во Скопје, против екипата на Ѓер во првата групна фаза, но како одминуваше сезоната станувавме се подобри. Дуелите со Ѓер беа и единствени порази во групната фаза, иако на реваншот во Унгарија, за “влакно“ ни избега победата. Лесно ги поминавме дуелите со екипите на Хипо и Митјиланд. Во главната групна фаза, одигравме добри натпревари, а единствениот пораз беше од актуелниот европски првак и тоа на гостувањето во Подгорица. Сепак им вративме на реваншот во нашата арена, што беше и прв триумф во дуелите со екипата на Будуќност. На два пати совладани беа екипите на ЦСМ Букурешт и Савехов, доволно за трето место во групата. Во чевртфиналето за противник ја добивме силната екипа на Ларвик. Првиот меч во Ј. Сандански против овој противник, можеби беше најдобриот меч за црвено-црните до овој период од сезоната. Со одлична игра и силно темпо кое го наметнавме во текот на сите 60 минути, успеавме да го “прегазиме “Ларвик со 14 голови разлика, за реваншот во Норвешка да биде само формалност.
Како изгледаше тој долг пат на Вардарки до завршниот турнир, а кој почна од Скопје, можете да го погледнете на следново видео подготвено од ЕХФ ТВ.