Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Денеска Вардар против РК Прилеп
Денеска Вардар против РК Прилеп

Денеска Вардар против РК Прилеп

Маратонот на натпревари за РК Вардар продолжува и денеска. По победите над Металург и Макс Струмица (вчера), денеска момците на Раул Гонзалес ќе одиграат нов натпревар во рамките на Супер лигата против РК Прилеп на домашен терен.

Ова ќе биде натпревар во рамките на 5 коло, досега Вардарци имаат четири победи од исто толку натпревари, додека пак екипата на РК Прилеп се наоѓа на 4 позиција на табелата со биланс од две победи и исто толку порази. Се очекува ова да биде ”полесен тренинг” за нашите играчи на патот кон нова титула. Натпреварот започнува во 17 часот.