Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дуел на најефикасните: Пенезиќ – Гулден
Дуел на најефикасните: Пенезиќ – Гулден

Дуел на најефикасните: Пенезиќ – Гулден

Престојниов викенд пред ЖРК Вардар стои вистински предизвик наречен титула во Лигата на шампионите во женска конкуренција. Вардарки имаат историска шанса да дојдат до големото финале, кое се игра в недела, и да го нападнат трофејот со сите сили. Прв пат во историјата на женскиот ракометен клуб Вардар, ќе ја имаме улогата на фаворити во 1/2 финалето против тимот на Букуреш од Романија, кој два пати го надигравме оваа сезона.

Утрешниот натпревар ќе биде дуел на најефикасните поединки во двата тима. Од една страна, нашиот играч, репрезентативката на Хрватска Андреа Пенезиќ, која и оваа сезона го носи епитетот прв стрелец во тимот на ЖРК Вардар. Пенезиќ изминатата сезона броеше до 102 погодоци, оваа сезона е на бројка од 71, што ја прави и оваа сезона најдобар стрелец во нашиот тим, од неа се очекуваат голови на утрешната пресметка и во големот финале на кое се надеваме дека ќе играме. Од друга страна пак, во тимот на Букурешт ја имаме за противник секогаш расположената за голови Изабеле Гулден. Шведската репрезентативка оваа сезона е трет најдобар стрелец во ЛШ, односно има 89, или само oсум помалку  голови од Илина која не настапува на овој турнир. Со самото тоа, овој податок кажува од каде ќе доаѓа најголемата опасност по голот на Лејно и Суслина на утрешниот натпревар.