Денес продолжуваат натпреварите од младинскиот куп. Свои мечеви од осминафиналето ќе одиграат две Вардарови генерации. Први натпревари ќе играат кадетите и младинците на фудбалскиот клуб Вардар.
Противник на кадетите ќе биде екипата на Шкупи. Првиот натпревар од осминафиналето е на програмата денес со почеток од 12 часот и истиот ќе се одигра во населбата Пржино. Во саботата избраниците на Влатко Колев го доживеаа првиот пораз во новата сезона од екипата на Работнички. Првата пречка во куп натпреварувањето беше Шкендија, која ја елиминираа по изведувањето на удари од белата точка.
Младинците ќе се обидат да ја продолжат серијата на победи во домашните натпреварувања, која трае од почетокот на сезоната. Ренова е противник за избраниците на Љупчо Марковски. Мечот ќе се одигра со почеток од 11 часот на тренот во населбата Јане Сандански.
Веќе знаеме дека помладите пионери се елиминирани од националниот куп, додека пионерите својот натпревар од осминафиналето ќе го одиграат во друг термин.