Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите и младинците на ФК Вардар ја совладаа Македонија Ѓ.П и завршија како вицешампиони во првенството

Кадетите и младинците на ФК Вардар ја совладаа Македонија Ѓ.П и завршија како вицешампиони во првенството

Кадетите и младинците на ФК Вардар триумфираа во последното 27 коло во првенството на младинските категории, откако денес на гостински терен ја совладаа екипата на Македонија Ѓ.П.

Кадетите на Вардар триумфираа со резултат од 0:3. По првото полувреме имавме солидно водство од 0:2. Уште во 3 минута го отворивме резултатот со голот на Ристовски Давид кој погоди за 0:1. Пред крајот на првиот дел, избраниците на Колев го зголемија водството на 0:2 преку Џемал Ибиши во 38 минута. Печат на победата во 82 минута стави Александар Младеновски, кој ги постави конечните 0:3 на овој дуел од кадетската лига.

Вардар: Тимевски, Радевски, Николов, Пешевски, Димоски, Благојевиќ, Младеновски, Ибиши, Петковски, Димов, Ристовски.

На клупата за резерви беа: Андов, Радуловиќ-Величковиќ, Игнатов, Манасиевски, Митревски, Петејчук.

Младинците на Вардар триуфираа исто така, но со резултатски пресврт, откако на полувреме имавме негатива од 0:1.Избраниците на Бојовиќ напаѓаа уште од првата минута, а противничкиот тим постојано се бранеше, а голот го постигнаа од контра-напад, за предност од 0:1 по првиот дел. Сепак во второто полувреме, вардарци го покажаа својот квалитет и направија целосен резултатски пресврт. Најпрво резултатот на 1:1 го израмни Али Адем, додека резултатот го сврте Јахја Абдулхади, за предност од 1:2. Конечниот резултат од 1:3 беше дело на Дејан Маркоски.

Вардар: Петкоски, Велковски, Серафимов, М.Младеновски, Тасев, Ѓорѓиески, Маркоски, Адем, Бериша, Дишлиевски, Абдулхади. 

Кадетите и младинците на Вардар ја завршија сезоната како вицешампиони, со надеж дека следната сезона ќе бидеме на врвот.