Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Скаутите договориле играчи на време – сега се чека “абер” од Самсоненко
Скаутите договориле играчи на време – сега се чека “абер” од Самсоненко

Скаутите договориле играчи на време – сега се чека “абер” од Самсоненко

„Спорт 1“ ги најави новите интернационалци кои треба да дојдат во Вардар во овој преоден рок, но сега како што велат се чека абер од газдата Сергеј Самсоненко.

Меѓу новите играчи покрај одличниот Клаудиу Василе Бумба, е и Ганецот Емануел Менсах. Менсах е играч од средината на теренот кој може да одигра и како напаѓач. Во својата кариера овој 23-годишен играч има настапувано за Хонвед, потоа Молдава, Михеловице, Фридек Мистек, Лачи, а последен клуб му е Керкира од грчката прва лига.

tambe

Покрај Менсах, тука е и Роберт Тамбе од Камерун. Овој фудбалер има солидна биографија. Во својата кариера настапил на 46 средби за Спартак Трнава и постигнал 11 голови. Покрај за овој тим, настапувал и за ЛЗС Пиотровка во Полска каде одиграл 13 натпревар и постигнал 18 погодоци. Последен клуб му е Адана Демирспор, каде сезонава одиграл 31 натпревари и постигнал 14 голови.

- За останатите играчи прочитајте ТУКА.