Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите и младинците на ФК Вардар, во борба за големото финале од купот на Македонија
Кадетите и младинците на ФК Вардар, во борба за големото финале од купот на Македонија

Кадетите и младинците на ФК Вардар, во борба за големото финале од купот на Македонија

Во среда, кадетите и младинците на фудбалскиот клуб Вардар ќе ги одиграат реванш натпреварите од полуфиналето во купот на Македонија.

Кадетите ќе патуваат на реваншот во Куманово, со предност од 1:0. откако со овој резултат заврши првиот полуфинален меч на теренот во Марино. Стрелец на единствениот погодок на тој меч беше капитенот Дејан Маркоски. Овие две екипи одиграа натпревар на теренот во Куманово, во есенскиот дел од сезоната во лигата, кога конечниот резултат беше оној почетниот 0:0. Избраниците на Влатко Колев се наоѓаат во одлична форма, на последните 7 одиграни натпревари од кои еден е во купот, црвено-црните имаат скор од шест победи и само еден нерешен резултат и тоа оној првенствениот во второто пролетно коло против екипата на Победа. Совладани беа екипите на Работнички, Милано (куп), Пелистер, Еуромилк, Шкендија и Шкупи. Натпреварот на градскиот стадион во Куманово ќе се одигра во среда, со почеток од 16 часот.

Интересен натпревар ќе имаме можност да проследиме во среда на теренот на Алумина, со почеток од 15 часот. Во реванш натпреварот од полуфиналето на националниот куп, ќе се сретнат младинците на ФК Вардар и Работнички. Оној првиот на теренот во Марино, заврши со триумф од 4:3. По неколку резултатски пресврти, сепак на крајот избраниците на Љупчо Марковски беа тие кои се израдуваа на победата. Головите на овој меч беа дело на Ердон Даци (2), Есмин Личина и Кристијан Апостоловски. Ова ќе биде четврти нивни меѓусебен натпревар оваа сезона, а Вардар успеа да забележи победа и да одиграат нерешено во првенствените мечеви. Нашите младинци играат добро во овој дел од сезоната, каде имаат забележано само еден нерешен резултат во првенството, против екипата на Еуромилк. Во последните два меча, црвено-црните ги победија екипите на Шкендија и Шкупи. Имаме убава можност да го потврдиме квалитетот и да се пласираме во големото финале од купот на Македонија. Таму веќе се наоѓаат пионерите на Вардар, кои својата задача си ја завршија минатата недела.