Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > (ФОТО) Започна да функционира Академијата на ФК Вардар
(ФОТО) Започна да функционира Академијата на ФК Вардар

(ФОТО) Започна да функционира Академијата на ФК Вардар

Денес беше пуштена во тренажен процес академијата на фудбалскиот клуб Вардар. Речиси сите Вардарови генерации ја имаа можноста за прв пат да тренираат на академијата, која нуди одлични услови за работа.

vardarfans akademija 2

После пуштење на употребата на новиот тренинг камп во населбата Хиподром, ова е уште еден голем проект на господинот Сергеј Самсоненко, кој ја доби својата финална реализација. Сеуште не е потврдено од кога сите Вардарови генерации кои се натпреваруваат во детската лига и првенството ќе можат да настапуваат на својата академија. Како и да е, одлично изгледа а на голем клуб како Вардар му доликува една ваква академија, каде младинските категории ќе ги имаат сите услови за тренинг.

vardarfans akademija 3vardarfans akademija 4