Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ФОТО) Делчево, Академија 2, Кузман и РК Филип ќе се борат за титулата во генер. 2000/01(ж) на Ф-4 турнирот во Јуниор лигата
(ФОТО) Делчево, Академија 2, Кузман и РК Филип  ќе се борат за титулата во генер. 2000/01(ж) на Ф-4 турнирот во Јуниор лигата

(ФОТО) Делчево, Академија 2, Кузман и РК Филип ќе се борат за титулата во генер. 2000/01(ж) на Ф-4 турнирот во Јуниор лигата

Ракометната вардарова “Јуниор лига“ е во финишот, во некои генерации веќе се одиграни сите кола во регуларниот дел, а во некој преостануваат уште завршните кола од оваа црвено-црна ракометна лига. Така во генерацијата 2000/2001 за  титулата кај ракометарки родени 2000/2001  година ќе  се одигра завршен Ф-4 турнирот.

Победникот кај младите дами во оваа категорија од  Вардар  Јуниор лигата ќе се бара помеѓу следните четири екипи: Делчево Вардар, Академија 2, Кузман Вардар и тимот на РК Филип Вардар. Овие екипи  ги освоија првите четири позиции  на табелата во оваа  конкуренција од шест тима  колку што содржеше нивната генерација.  Тие според планираното на 14 или 15 мај ќе ги одиграат полуфиналните соочувања  во кои ќе се сретнат : Во првото полуфинале екипите на Делчево Вардар – Академја 2, а втората двојка е   Кузман – Филип Вардар. Првите три учесници беа од претходно познати, а викендов во последното коло се играше пресудниот дуел од кој зависеше дали на Ф4 турнирот ќе се пласира екипата на Академија 2 или Академија 1, поуспешна во меѓусебното соочување беше  Академија 2 која однесе тирумф  со 11-7. Табелата од оваа старосна генерација во женскиот дел од Јуниор лигата за ракометарки родени 2000/2001 може да ја погледнете во продолжение на фотографијата.

tabela