Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Одот кон круната продолжува, утре ја пречекуваме Брегалница која не има победено само еднаш на 27 последни меча
Одот кон круната продолжува, утре ја пречекуваме Брегалница која  не има победено само еднаш на 27 последни меча

Одот кон круната продолжува, утре ја пречекуваме Брегалница која не има победено само еднаш на 27 последни меча

Продолжуваат возбудувањата во најквалитетната македонска фудбалска лига веќе во текот на утрешниот ден. На програмата се мечевите од 28 коло во ПМФЛ, во кое ќе се одигра првото коло во плеј-офот и плеј-аутот од лигата, Во плеј-оф сегментот се наоѓа и фудбалскиот клуб Вардар кој утре ја пречекува најслабата екипа од учесниците во овој сегмент екипата на штипска Брегалница.

Мечот  е закажан за утре, со почеток во 16-00 часот на националната арена “Филип Втори“.  Вардар според моменталната ситуација на табелата и квалитетот кој го поседува е убедлив фаворит, по одиграните 27 кола во предност сме 35 бода во однос на шесттоплиранот наш утрешен противник. Ако ја погледнеме статистиката наназад штипјани успеале на Вардарите  да им нанесат само еден пораз во последните 27 меѓусебни удели и тоа далечната и “спорна“ 2010 пред да не преземе Град Скопје κога имавме бурна сезона.Црвено-црните има среќа во составувањето на двојките за плеј-офот бидејќи четири меча ќе играат на Градски стадион, а ќе гостуваат по “одмазда“ кај кратовски Силекс кој по долги години оваа сезона е најблиску до настап во европски куп. Со штипјани се сретнавме сезонава три пати од кој двапати во Скопје и еднаш Штип, во овогодинашните мечеви имаме гол разлика 9-1. Домашните  два дуели ги добивме со 3-1 и 4-0, а в гости победивме 2-0 со головите на Блажевски и Фелипе. По дуелот утре следен предизвик ни е повторно тетовска Шкендија овој викенд.