Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ФОТО) На коло пред крајот познати се сите учесници на Ф4 турнирот кај девојките во генер. 2002/03
(ФОТО) На коло пред крајот познати се сите учесници на  Ф4 турнирот  кај девојките во генер. 2002/03

(ФОТО) На коло пред крајот познати се сите учесници на Ф4 турнирот кај девојките во генер. 2002/03

Годинава првпат се реализира големиот проект во вардаровото семејство ракометната вардарова “Јуниор лига“. Таа е масовно натпреварување помеѓу школите кој се “под капата“ на црвено-црните. Сезоната полека финишира по одиграни стотици мечеви. Кај  некои генерации веќе се одиграни сите кола во т.н регуларниот дел, а пак кај други преостануваат уште завршните кола. Така во генерацијата 2000/2001  веќе се одиграни сите кола и познати четирите учесници на завршниот Ф-4 турнир (види), а пак кај младите ракометарки родени 2002/2003 година на коло пред крај веќе се дефинирани четирите “величествени“ кои ќе се борат за круната  кај дамите во оваа категорија.

Во ова генерација имаше шест тима и четири од нив обезбедија место на финалниот турнир кој ќе го даде шампионот, иако останува едно коло до крај познати  се сите учесници. Тоа се следните четири женски ракометни колектива :  Тимот на Академија 1, екипата на Кастратовиќ Вардар 2002, Ново Лисиче Вардар и четвртопласираната екипа по регуларниот дел  Академија 2. За оваа генерација во следните две недели нема да има возбудувања во ракометната вардарова јуниор лига, а истите на програмата се според распоредот на  7/8 мај, кога ќе се одигра последното коло. Табелата по девет одиграни од десет предвидени кола за оваа генерација може да ја погледнете на фотогафијата подолу.

new