Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Екатерина Димитровска:“Јуниор“ лигата ни претставува голем мотив за и понатаму да продолжиме со ракометот
Екатерина Димитровска:“Јуниор“ лигата ни претставува голем мотив за и понатаму да продолжиме со ракометот

Екатерина Димитровска:“Јуниор“ лигата ни претставува голем мотив за и понатаму да продолжиме со ракометот

Ракометната Јуниор лига продолжува успешно да се изведува и функционира во нејзината прва година. Во неа имаат можност да се натпреваруваат дечиња од различни возрасни категории, во машка и женска конкуренција. Натпреварите се играат во малата сала на С.Ц. Јане Сандански и С.Р.Ц. Кале. Ние како медиум кој паралелно известува за случувањата во оваа лига, продолжуваме со промоција на најмладите играчи, кои во иднина би можеле да ги видиме и во првите тимови на ракометниот клуб Вардар. Екатерина Димитровска настапува за екипата на РК Делчево, во генерација родени 2001/2002 година предводени од тренерот Горан Велков.

-Оваа лига која ја организира Вардар е прекрасно нешто, кое ни дава мотивација за понатаму во ракометот. “Јуниор“ лигата не води до целта која сакаме да ја постигнеме, а за да ја постигнеме целта ни требаат успешни резултати. Досега од сите одирани натпревари со нашиот тим немаме ниту еден пораз. На секој одигран натпревар даваме се од себе и се бориме до крај , се надевам дека ке ја освоиме оваа лига и ке дадеме се од себе.

Најдобрите од секоја ракометна школа, која е дел од овој проект на РК Вардар, ќе ја има можноста да заигра за најголемиот клуб во Македонија.

-“Вардар лигата“ ја гледам како предизвик која ќе ме одведе до младинските тимови на Вардар . Од оваа лига најголем впечаток ми остава преубавата организација на Вардар и дружењето и запознавањето нови другари и другарки. Се надевам дека ќе продолжиме да  постигнуваме добри резултати, изјави Ектерина Димитровска за нашиот сајт.

Звонко Ивановски