Утре на теренот во Марино своите први полуфинални натпревари од купот на Македонија ќе ги одиграат кадетите и младинците на фудбалскиот клуб Вардар. Противници се екипите на Милано и Работнички.
Со почеток од 10 часот својот меч ќе го започнат кадетите, додека два часа подоцна на теренот ќе излезат младинците. Вардаровите кадети за противник ја имаат екипата на Милано, со која веќе еднаш се сретнаа и тоа во последното есенско коло во лигата. На гостински терен одигравме без голови 0:0. Инаку до полуфиналето избраниците на Влатко Колев стигнаа, откако во четвртфиналето бевме убедливи во двомечот со Младост, со вкупен резултат од 8:1.
Дербито во полуфиналето на купот во конкуренција на младинци ќе биде одигран помеѓу екипигте на Вардар и Работнички. Ова ќе биде нов натпревар на двете екипи за само 10 дена, откако во првото пролетно коло на истиов терен црвено-црните го победија противникот со 2:1. Во есенскиот дел пак ремизиравме со Работнички, на теренот на Алумина со резултат 1:1. Младинците до полуфиналната рунда, стигнаа елиминирајќи ги екипите на Љубанци и тоа во еден натпревар (1:0) и во двомечот со екипата на Шкупи, со вкупен резултат од 6:2.