Кадетите поразени, младинците освоија бод на гостувањето кај екипата на Македонија Ѓ.П, на натпревари од 6.коло во Супер Лигата.
Кадетите доживеа пораз, после две последователни победи во првенството. Денес на теренот во Ѓорче, домашниот тим ги освои бодовите откако славеше со резултат 2:1. (0:0).
Сите голови на натпреварот паднаа во второто полувреме. Домаќинот во 53.минута го отвори резултатот и поведе со 1:0, за ние да израмниме на 1:1 во 75.минута со голот на Кристијан Галевски. До крајот на натпреварот, односно во 83.минута падна уште еден гол, во нашата мрежа, за конечни 2:1 на овој натпревар од 6.коло во кадетката Супер Лига.
Вардар: Максим Краљевски, Ангел Настевски, Лука Атанасовски (К), Марко Крстевски, Михаил Танчев, Харбин Туша, Хабиб Бектеши, Кристијан Галевски, Антонијо Крстевски, Златко Радески, Филип Смиљков.
Играа уште и Матеј Ѓорѓиевски, Стојанче Камчев и Андреј Бошковски.
Младинците на Вардар и Македонија Ѓ.П одиграа со нерешен резултат 1:1, со голови во првиот дел од натпреварот. Ние бевме тимот кој прв успеа да го отвори резултатот со голот на Зоран Фидановски во 34.минута, кој упати удар од некаде 25-тина метри, голманот на домашниот тим имаше лоша проценка на ударот, топката отскокна и заврши во мрежата за водство од 0:1. Сепак, до крајот на првиот дел, односно во 42.минута, противникот успеа да го израмни резултатот на 1:1, после центар шут од корнер, поранешниот играч на Вардар, Кристијан Таневски, со глава ја погоди нашата мрежа за 1:1.
Овој резултат остана актуелен до крајот на натпреварот. Кај нас обиди имаа Гаштаров, Туша, Николовски и Фидановски, но сепак на крајот и двете екипи ги поделија бодовите.
Вардар: Леонид Илиевски, Зоран Фидановски, Влатко Кулуковски, Давор Лефковски, Матеј Гаштаров, Тино Спасиќ, Никола Уневски, Марко Николовски, Ѓорѓи Дошев (К), Милош Спасовски, Филип Радевски.
Играа уште и Драган Јанкоски, Лука Јакимовски, Максим Бундалески, Виктор Стефановиќ, Михаил Кузмановски и Агрон Туша.