Вчера, борачот на Вардар во дресот на Република Македонија, Андонов Марко се бореше за бронза.
На силниот турнир во Гори, Грузија на кој учествуваа борачи од Македонија, САД, Грузија, Украјна, Азербејџан, Ерменија и Казакстан нашето момче се бореше за бронза.
Имаше солиден настап, сепак беше поразен и го освои за него одличното 5.место на овој настан. Тој е 5то пласиран по поразот од репрезентативецот на Ерменија во дуелот за бронза во категоријата до 74 на овој исклучително силен меѓународен собир.