Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на ФК Вардар дел од 14-сетото издание на силниот меѓународен турнир, “Fudbal frends„ во градот Фоча
Кадетите на ФК Вардар дел од  14-сетото издание на силниот меѓународен турнир, “Fudbal frends„ во градот Фоча

Кадетите на ФК Вардар дел од 14-сетото издание на силниот меѓународен турнир, “Fudbal frends„ во градот Фоча

Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар во перидот од 27-29-ми јули ќе бидат дел од  14-сетото издание на силниот меѓународен турнир “Fudbal frends„ во градот Фоча (БИХ). И оваа година екипите ќе бидат сместени во студентскиот дом во градот Фоча, а мечевите ќе се одиграат на теренот на градскиот стадион. Вардаровите кадети на турнирот ќе бидат предводени од Златко Таневски и Мане Манев, тренерот на голманите, кои заминуваат во четврток на турнирот.

Познати се сите учесници на турнирот, а покрај Вардар дел од истиот ќе бидат и екипите на Марибор ( Словенија), Црвена Ѕвезда ( Србија), Будуќност ( Црна Гора), Железничар ( Бих), бранителот на трофејот од минатата година, тимот на Ријека од Хрватска, а за прв пат откако се организира овој турнир, ќе настапи и екипа од Азија, се работи за кинескиот суперлигаш, Tjendžin TEDA.

Финалните мечеви и оваа година ќе бидат пренесувани на Арена Спорт, па се надеваме дека Вардар ќе го видиме во борба за медалите. Само за потсетување, минатата година кадетите исто така се натпреваруваа на турнирот, тогаш беа предводени од Влатко Колев и го освоија трето место, одиграа вкупно три натпревари, на кои постигнаа две победи и еден пораз. Тогаш црвено-црните во малото финале беа подобри од Марибор, додека во финалето, Ријека ја победи Црвена Ѕвезда.