Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Бра­не Андриевски најзаслужен за младинската кошаркарска школа на Вардар
Бра­не Андриевски најзаслужен за младинската кошаркарска школа на Вардар

Бра­не Андриевски најзаслужен за младинската кошаркарска школа на Вардар

КК Вардар ги црпи талентите од својата младинска школа. Таа е без сомнение најквалитетна во Македонија, и овој спој совршено функционира веќе цели десет години.

Откако клубот го доби својот кошаркарски дом, малата сала во СРЦ „Кале“ и ја заокружи како кошар­кар­ско катче со одлични услови за работа, беше фор­ми­рана и младинската школа. Во 2007 година, кога на чело на сениорскиот тим беше Тихо Матевски, а не­гов помошник Панче Милевски, се роди идејата за ан­гаж­ман на Бране Андриевски, тогашен млад стратег, кој работеше во КК Центар. Се роди младинската школа Вардар – Центар, која подоцна и комплетно беше приклучена под закрилата на кошаркарскиот клуб Вардар. Таа и денес, една деценија подоцна функ­ционира беспрекорно, со повеќе од 300 млади ко­шаркари кои тренираат и ги учат тајните на овој спорт „под Кале“.

„Со моето преоѓање во КК Вардар беше оформена младинската школа, и веднаш пристапивме и кон ангажман на млади и та­лен­тирани кошаркари. Ги до­ве­довме Ивица Димчевски, Марко Симоновски и Бојан Крс­тевски, кои денес се и ре­презентативци на Ма­кедонија, истакнати до­маш­ни кошаркарски имиња. Имав несомнено голема по­мош и од Панче Милевски, кој подоцна се приклучи во ра­ботата на сениорскиот погон. Во тој период во на­ши­от клуб тренираа и Сто­јан Ѓуроски, Лазе Пет­ров, Гор­јан Кираџиски, Ди­ков­­­ски…“, раскажува Бра­не Андриевски за воспо­ставу­ва­њ­ето на базата на мла­дин­ската кошаркарска школа на клубот.

Во КК Вардар се оформиле неколку генерации ко­шар­кари – У20, У18, У16 и У14, со кои се работи напорно, а сето тоа носи и успешни резултати, шампионски ти­тули во младинска конкуренција.
„Во првата година, се случи несекојдневен феномен. Двете селекции на КК Вардар од генерацијата играа во финалето на Купот на Македонија. Вардар 1 и Вардар 2 играа финале, а беа толку квалитетни и израмнети и двете селекции од нашиот клуб, што победникот беше одлучен со разлика од само еден поен, во самото финале. Тоа е феномен кој досега се нема повторено и е единствен во македонската кошарка“, вели Андриевски.

Квалитетна беше и генерацијата на кошаркари до 18 години, во таа 2007 година. Во неа беа имиња како Бобан Стајиќ, Предраг Пајиќ, Игор Ивановиќ, Де­јан Лазаревски, Јасмин Биберовиќ, Имами Кораб…Ги предводеше Дарко Крстиќ, кој исто така е еден од основоположниците на квалитетната младинска шко­ла на КК Вардар. Секако, треба да се спомене и Борче Дас­каловски.
Покрај талентирани млади кошаркари, со гордост мо­же да се истакне дека младинската школа про­из­веде и лансира во орбитата и квалитетни млади ко­шар­карски тренери. Сегашниот тренер на сениорскиот тим на КК Вардар, Ѓорѓи Кочов, исто така е производ на нашата кошаркарска школа. Неговата генерација У20 две сезони беше шампион на Македонија, по што Кочов, заедно со поголем дел од кошаркарите се искачи скалило погоре и сега ги предводи во сениорскиот состав на клубот.

Околу 300 кошаркари и дваесеттина млади тренери се усовршуваат во школата на клубот
Во моментов повеќе од 300 млади кошаркари се дел од базата на КК Вардар.

Извор: http://kkvardar.mk