После 16 одиграни кола, кадетите на фудбалскиот клуб Вардар се наоѓаат на првото место во лигата. Избраниците на Филип Ивановски со 35 освоен бод го држат првото место, додека втора е Шкендија со 32 бодови.
Вардаровите кадети го имаат и најдобриот напад со 41 постигнат гол, како и најдобрата одбрана со 16 примени погодоци. Што се однесува до бројот на постигнати голови, нашите млади надежи се поефикасни во втората половина од мечевите кога успеале да постигнат вкупно 24 голови, додека во првиот дел од натпреварите имале 17 погодоци во противничките мрежи. Нашите играчи се најефикасни во периодот од 51-60 минута кога постигнале вкупно 8 голови, додека 6 гола имаме во периодот од 71-80 минута. По 5 погодоци сме постигнале во периодите од 0-10 и 61-70 минута, додека по 4 голови имаме од 11-20, 21-30 и 81-90 минута. Најмногу погодоци имаме од 41-50 минута.
Што се однесува до бројот на примени погодоци, имаме 9 во вториот дел од мечевите и 7 во првата половина. Најмногу голови, вкупно 3, имаме примено во периодот од 51-60 минута, додека нашата одбрана се покажала како најстабилна од 21-30 минута, кога нашата мрежа мирувала.