Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на Работнички со осетна предност пред реваншот од 1/4 финалето на купот, откако денес го совладаа “пионерскиот„ состав на Вардар
Кадетите на Работнички со осетна предност пред реваншот од 1/4 финалето на купот, откако денес го совладаа “пионерскиот„ состав на Вардар

Кадетите на Работнички со осетна предност пред реваншот од 1/4 финалето на купот, откако денес го совладаа “пионерскиот„ состав на Вардар

Кадетите на ФК Вардар денес се поразени на првиот меч од 1/4 финалето на купот на Македонија. Избраниците на Таневски гостуваа на теренот на Алумина, на екипата на Работнички и беа поразени со резултат 2:0.

На денешниот дуел, тренерот Таневски се реши да извади достав во кој најголем дел од играчите се родени “2002„ година, односно тоа се играчите кои настапуваат за пионерите на Вардар. Поради слабите изданија на кадетскиот состав во првенството, беше очекуван ваков потег од стратегот на вардарци. Иако помлади се држеа до крајот на натпреварот, па и шансите не се целосно загубени за пласман во следната рунда од националниот куп. Двата гола во нашата мрежа паднаа уште во првото полувреме од мечот.

За Вардар денес настапија: Андов, Мирчевски, Манасиевски, Ѓурковски, Величковиќ-Радуловиќ, Андоновски, Гугуљанов, Митревски, Петејчук, Игнатов, Омерагиќ. 

Во игра влегоа уште и Ристовски, Хасановиќ и Спировски.