Помладите пионери на ФК Вардар со предност од 2:1 ќе го дочекаат реваншот во Тетово, во рамките на 1/4 финалето од купот на Македонија. Денес на теренот на Академијата, избраниците на Филип Деспотовски ја совладаа екипата на Шкендија, со резултат од 2:1.
Вардар: Стојковски, Јовановски, Давков, Стојчевски, Ѓорѓоски, Сељанац, Алими, Давидовски (c), Прелоговски, Мирков, Андрески
За само две минути паднаа два гола во првото полувреме и тоа при самиот крај. Најпрво во 38 минута со голот на Лео Андрески, црвено-црните го отворија резултатот и поведоа со 1:0. Сепак нашата радост не траеше долго време, односно по само две минути, противникот го израмни резултатот на 1:1. На самиот старт на второто полувреме, Вардар ја врати предноста и тоа во 42 минута со голот на Алек Сељанац. Тоа беше се од головите што видовме на овој меч, иако Вардар имаше уште неколку прилики за поубедлива победа.
Црвен картон пред крајот на мечот доби токму стрелецот на победничкиот гол, Алек Сељанац. Во игра на овој дуел влегоа уште и Дамјан Ќосески и Георг Стојановски.