Кадетите на ФК Вардар за жал го завршија настапот на регионалниот турнир “Куп на Пријателство 2019“.
Црвено-црните завршија на последното место во групата и на тој начин го завршија настапот на турнирот во Златибор. Денес екипата на Олимпија Љубљана иако беше поразена минимално (1:0) од екипата на Динамо Загреб, тие се тимот кој како второпласирани ќе се пласираат во 1/4 финалето. На Вардар им одговараше само пораз на Олимпија од два гола повеќе, со оглед дека нашиот состав во првото коло беше поразен од Динамо Загреб со резултат 2:0, додека вчера на дуелот со Олимпија одигравме нерешени 1:1.
Мора да се напомене дека на овој турнир на кој настапуваат екипи, генерациски родени 2001 година, не беше тоа и случај со Вардар, кој дојде на турнирот со голем број на играчи кои се 2002 годиште, а имаше и двајца играчи кои настапуваат за генерацијата 2003 на Вардар.