Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Slider > Сашо Милошевски: Успешна сезона за Академијата на ФК Вардар, во која успеавме да промовираме играчи за првиот тим, како и млади надежни тренери
Сашо Милошевски: Успешна сезона за Академијата на ФК Вардар, во која успеавме да промовираме играчи за првиот тим, како и млади надежни тренери

Сашо Милошевски: Успешна сезона за Академијата на ФК Вардар, во која успеавме да промовираме играчи за првиот тим, како и млади надежни тренери

После пауза од една година, академијата на ФК Вардар е на добар пат повторно да биде прогласена за најдобра во Македонија. Постигнатите резултати и освоените трофеи ја ставаат младинската школа на Вардар како најголем фаворит за ова признание од фудбалската федерација на Македонија. Еден од најзаслужните за континуираните успеси на Академијата е човекот кој веќе шестта година ја извршува функцијата, координатор во школата на Вардар.

3419

Се работи за Сашо Милошевски, личноста која најдобро знае што е потребно за успех и континуирана добра работа. Нема никако да погрешиме, ако кажеме дека Милошевски е човекот кој секојдневно поминува најдолги часови во Академијата, целосно посветен на својата работа, која ја обавува со голем труд, посветеност и љубов. Наша е честа што повторно имаме можност да разговараме со него, на крајот од сезоната и заедно да ги сумираме впечатоците.

1529

1. Кои беа целите на Академијата на ФК Вардар пред почетокот на сезоната ?

-Целите на Академијата секоја сезона се, да излезат што повеќе деца за првиот тим и да се приклучат во што поголем број, во што и успеавме. Се надеваме дека со доаѓањето на помалите генерации ќе се докажуваат уште повеќе и дека еден ден ќе стигнат да го носат дресот на ФК Вардар. Нормално, и да израснат во здрави личности, како и што треба да бидат сите членови во младинската школа, почнувајќи од тренерите па се до децата, кои треба да бидат пример секаде каде што настапуваат младинските екипи на Вардар.

541

2. Оваа сезона имавте успеси со младинските екипи, како и промоција на играчи од школата во првиот тим, што е она што посебно ве радува како координатор во Академијата на клубот ?

-Повеќе што ме радува е тоа што последниве години во првиот тим се наметнаа доста деца од младинскиот погон на клубот, како Адем Али, Бојан Димовски, Џемал Ибиши, Бојан Колевски, Фитор Реџепи и други, кои одиграа поголем дел од првенствените натпревари за првиот тим доста успешно. Тука мора да го пофалам и шефот на стручниот штаб, Александар Васоски, за неговата храброст на секој натпревар да вметне во игра од 2-3 младински играчи.  Тука се Антовски и Тодоровски од минатата година, а секако дека ме прават среќни и сезонскиве успешни игри на нашите младински екипи, кои резултираа и со освојување на трофеи.

5511

-Уште еднаш ќе напоменам наш најголем успех се Антовски кој игра во Динамо Загреб и Тодоровски кој е дел од Осијек, кои мислам дека погрешија што заминаа, кога веќе се наметнуваа како стандардни првотимци.

3. Колку сте задоволен од постигнатите резултати на вардаровите генерации во сезоната, во која промовиравте и нови тренери во младинската школа ?

-Од постигнатите резултати сум задоволен, иако секогаш може и повеќе. Благодарност до тренерите за нивната ангажираност на тренинзите и натпреварите, исто така и за децата кои беа редовни и максимално посветени на тренинзите и мечевите, а со самото тоа во оделни генерации си дојдоа резултатите. Оваа година покрај тоа што промовиравме од четири до пет играчи во сите младински репрезентации на Македонија, исто така претставивме и тројца млади надежни тренери кои оваа сезона ја започнаа својата тренерска кариера.

5211-660x330

-Златко Таневски кој сега е дел од стручниот штаб во првиот тим на Вардар, потоа Филип Деспотовски кој успеа со генерацијата 2003 да ја освои двојната круна, како и Филип Спасевски кој успеа со генерацијата 2006 да стане Шампион на Македонија, на завршнииот турнир во детската лига.

4. На почетокот на новата сезона за директор на Академијата беше назначен, Ѓорѓи Христов. Може ли да ни кажете каква е вашата соработка со човекот кој е поранешен репрезентативец на Македонија, колку вие како координатор сте задоволни од неговиот пристап во Академијата ?

vardarfans-sase-goce

-За Христов не треба да се трошат зборови, неговата спортска биографија се кажува, а мило ми е што за разлика од многу легенди, Гоце како човек и како карактер покажа во вистинска смисла на зборот дека се што постигнал во животот, истото го заслужил. Инаку имаме одлична комуникација, размислуваме исто за многу фудбалски теми и пристапот ни е крајно професионален.

vardarfans-tekst

-Секојдневно со часови разговараме околу младинската школа, заедно се радуваме и тагуваме на победите и поразите. Исто така мора да го споменам и нашиот секретар, Никола, кој е од голема помош за Академијата на Вардар, околу техничките работи.

5. Секако голем дел од успесите на младинската школа одат на адреса и на сопственикот на клубот, кој направи Академија за младите, нешто што е реткост на Балканот. Колку Сергеј Самсоненко е заслужен за напредокот на школата ?

-Сопственикот, господинот Сергеј Самсоненко ни ги обезбеди најдобрите услови за тренинг и работа во Македонија. Едноставно, децата и тренерите ги имаат сите Европски услови, почнувајќи од соблекувалните, сали за состаноци, терен за тренирање и.т.н, што полека вродува со плод. Сите ние од младинската школа, како и од целиот клуб ќе бидеме среќни ако остане уште многу години во Вардар, затоа што реално гледано во догледно време тешко некој дека ќе го направи сето ова, како што е случај со Сергеј Самсоненко за Вардар.

Звонко Ивановски