Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар се вратија на победите во лигата, отккао денес во рамките на заостанатото шестто коло беа подобри од екипата на Гостивар. Овој меч се одигра во Гостивар и заврши со убедлив триумф на црвено-црните со резултат 0:5.
Одлична игра за избраниците на Влатко Колев кои ја вратија играта која ги красеше на првите пет натпревари. Уште на полувреме го најавивме триумфот, кога по првите 45 минути имавме водство од 0:2. Серијата на погодоци ја отвори Јакуп Бериша, кој биеше прецизно за водство од 0:1. До крајот на првиот дел уште еден гол во мрежата на Гостивар, за водство од 0:2. Стрелец на голот беше Никола Серафимов. Со овој резултат се замина на одмор.
Доминацијата на црвено-црните продолжи и во вториот дел, кога константно напаѓавме на противничката половина. Марко Ѓорѓиевски се повеќе ја докажува довербата на Колев и со два погодоци во серија, зголемува на 0:3, односно веќе и 0:4. Последниот гол на овој дуел беше дело на Оливер Дишлиевски, за конечен резултат од 0:5.
ФК Вардар: Тимевски, Кировски, Јордановски, Млаевски, Антовски, Насковски, Серафимов, Трајчевски, Бериша, Дишлиевски, Ѓеорѓиевски.