Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > ЖРК Вардар СЦЈС рутинирано го победи Прилеп и стигна до нова победа во супер лигата, блескаше крилото Прленда
ЖРК Вардар СЦЈС рутинирано го победи Прилеп и стигна до нова победа во супер лигата, блескаше крилото Прленда

ЖРК Вардар СЦЈС рутинирано го победи Прилеп и стигна до нова победа во супер лигата, блескаше крилото Прленда

Денес во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански, натпревар од супер лигата одиграа екипите на ЖРК Вардар СЦЈС и Прилеп. Поуспешни беа црвено-црните, кои славеа со резултат 32:24.

Започнавме во состав: Белмезова, Прленда, Стојановска, Мишевска, К. Георгиевска, Нолевска и Керамитчиева.

Вардарки на овој натпревар беа постојано во водство и имаа контрола на резултатот. Мечот со гол го отвори денес одличната Марија Прленда која по првото полувреме имаше неверојатен ефект од 8 гола од исто толку обиди од позицијата лево крило. Прилеп на два пати го израмни резултатот, последното беше во 4 минута кога резултатот беше 2:2. Керамичиева повторна ја враќа предноста на својот состав и од тој момент избраничките на Симовски не му дозволија на противникот да го израмни резултатот. За неколку минути правиме серија од четири последователни гола, за највисоки во тие моменти 6:2. Прилеп врати со два погодоци и успева да намали на 6:4. Прленда не дозволува на Прилеп да се доближи резултатски, па со нејзиниот нов погодок зголемува на 8:5. На средината на првото полувреме, гостинската екипа се закани на нашето водство, намалувајќи на само едн гол негатива 8:7. Сепак Вардар беше поквалитетната екипа на теренот и како се ближеше првото полувреме, така постепено ја зголемуваше својата предност. Младата Ана Станикевска успева да погоди од контра напад за нејзниот прв гол на овој меч, носејќи водство за својот тим од 14:11. Прилеп дефинитивно немаше одговор за одличната Прленда кој секогаш наоѓаше место да ја погоди противничката мрежа. Со нејзини два последователни гола, стигнуваме до највисоки 16:11. До крајот на првиот дел по два гола на двете страни, за на полувреме да заминеме со резултат 18:13.

vardarfans-triumf

Вториот дел започна со гол на Керамичиева за веќе солидна предност од 19:13. Во второто полувреме тренерот Симовски направи неколку измени во својот состав, давајќи им шанса и на другите Николоракометарки кои беа на клупата за резерви. И во овој дел од играта имавме контрола на резултатот, најчесто разликата се движеше од 7-9 голови предност за Вардар. Во 42 минута од мечот Сара Митова зголемува на 23:15. Во вториот дел на голот застана Љупка Белмезова, која имаше неколку добри одбрани. Припеп не беше во можност да се врати во мечот, па гледаше да не замине од Скопје со поголема негатива. Во игра влезе и Моника Георгиевска која погодува за највисоки 28:19. Покрај неа во игра влезе уште една ракометарка од малдинскиот состав, се работи за левото крило Анастасија Николовска. Последните седум минути од натпреварот беа чиста рутина за Вардар, кој забележа нов триумф во супер лигата. Конечниот резултат е 32:24.

Најефикасна беше Марија Прленда, која за едно полувреме имаше 8/8 погодоци. По 5 погодоци постигнаа Клаудија Георгиевска и Теодора Керамитчиева.

Вардар СЦЈС: Белмезова, Прленда 8, Стојановска 1, К. Георгиевска 5, С.Николовска 4, Митова 1, Бојаџиска 4, Нолевска 2, Станикевска 1, Петковска, Керамитчиева 5, М.Георгиевска 1, Мишевска, А. Николовска, Гичевска, Велкова.