Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на ФК Вардар го „растурија“ Еуроспорт Куманово, на стартот од сезоната
Кадетите на ФК Вардар го „растурија“ Еуроспорт Куманово, на стартот од сезоната

Кадетите на ФК Вардар го „растурија“ Еуроспорт Куманово, на стартот од сезоната

Денес стартуваше новата сезона во младинските фудбалски лиги. Утрово на теренот на академијата во рамките на првото коло натпревар одиграа кадетите на ФК Вардар кои убедливо го победија тимот на Еуроспорт со резултат 9:0.

Тренерот Ивановски се реши да започне со следниве 11-сетмина: Јовчев, Трпезановски, Горѓоски, Јовановски, Давков, Ѓоргиевски, Стојчевски, Живков, Давидовски (c), Мирков, Андрески.

Полесно од очекувањата нашите млади надежи стигнаа до триумф на отварање на сезоната, едноставно тимот на Еуроспорт не беше дораснат противник за нашите кадети. Резултатот го отворивме уште во првата минута од натпреварот, кога после грешка на одбранбениот играч, Антонио Мирков ја зема топката и ја смести во мрежата за предност од 1:0. Гледавме нерамноправен натпревар, на кој вардарци доминираа на теренот и имаа целосна иницијатива. На вториот погодок не се чекаше многу време, кога после акција од десната страна, топка во противничкиот шеснаесетник упати капитенот Давидовски, истата стигна до Мирков кој бие од прва за предност од 2:0.

1 2

Се закани за момент и гостинскиот тим, кога еден од нивните играчи бише крај голот на Јовчев. Во 13 минута од натпреварот, Вардар го зголеми водството и на 3:0. Повторно грешка на последната линија на Еуроспорт, еден од нивните играчи место да ја исфрли топката сакаше да се поигрува, беше казнет од Петар Давидовски кој ја погоди мрежата за 3:0. Хет-трик за Антонио Мирков уште во првото полувремe, нашиот играч овој пат погоди после грешка на голманот, за предност од 4:0. Во последните пет минути од првиот дел, момците на Ивановски уште два пати ја тресеа мрежата на Кумановчани. Во листата на стрелци се запиша Филип Ѓоргиевски за 5:0, додека резултатот 6:0 на полувреме со својот четврти гол ги постави Антонио Мирков.

3 4

Рутински го одработивме второто полувреме во кое постигнавме три нови голови. На стартот од вториот дел во противничкиот шеснаесетник беше направен фаул над Мирков, па судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Давидовски за 7:0. Следеше петти гол на Антонио Мирков за 8:0, додека конечните 9:0 ги постави Сулејман Исмаиљи.

122496328_3396159393764216_6125260226098665752_o 122539135_3396159377097551_9042766655027522116_o

Во игра во второто полувреме ги видовме Алек Саит, Дамјан Марковски и Сулејман Исмаиљи.

Одличен натпревар и стартна победа за кадетите на ФК Вардар во новата натпреварувачка сезона.