Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Триумфален старт на новата сезона за младинците на ФК Вардар
Триумфален старт на новата сезона за младинците на ФК Вардар

Триумфален старт на новата сезона за младинците на ФК Вардар

Победнички старт на новата сезона за младинците на ФК Вардар. Избраниците на Филип Ивановски за противник ја имаа екипата на Еуроспорт Куманово, која ја победија високо со резултат 3:0.

Стартните 11 за Вардар на овој дуел: Стојковски, Трајковски, Трајановски, Шабани, Мицевски, Хасани, Гугуљанов (c), Стојановски, Тасевски, Салиу, Гуџуфи.

Во првото полувреме од натпреварот имавме целосна иницијатива, иако треба да се напомене дека екипата на Еуроспорт успешно се бранеше во овој дел од натпреварот и не дозволуваше поголеми опасности кон нивниот гол. Прв кој се обиде беше Георг Стојановски кој шутираше над голот, додека најголемата шанса за отварање на резултатот ја имаше Дамјан Трајановски кој од 30.метри ја погоди пречката од голот на Еуроспорт, силен удар упати нашиот играч, но немаш среќа. Се обидувавме да ја затресеме мрежата на кумановчани, имавме поголем посед на топка, додека гостинот се обидуваше од контра напад да изненади. За одбележување се и два нивни удари кои не беа проблем за голманот на Вардар, Лука Стојковски. До крајот на првиот дел се обидоа Абдула Хасани и Петре Тасевски, но одбрани противничкиот голман. По првото полувреме, резултатот беше оној почетниот 0:0.

1 2 3 4

Во второто полувреме ги искористивме шансите, период во кој успеавме да постигнеме три голови во противничката мрежа. Резултатот за 1:0 го отвори Дамјан Трјановски кој со одличен погодок од слободен удар го отвори резултатот и донесе предност на Вардар. После првиот гол се беше полесно за вардаровите надежи, кои атакуваа на нови погодоци. После една акција во која противникот се обиде да отстрани, блокираше Стојановски, а топката стигна до нововлезениот Дарко Младеновиќ кој умешно се снајде и погоди за 2:0. На овој натпревар видовме уште еден гол, истиот беше дело на Енес Шабани, нашиот играч продре од десната страна, се ослободи од проитивнички играч и кога сите очекуваа дека ќе ја нафрли топката тој шутираше директно во голот, ја заби топката под пречката од голот на Еуроспорт и зголеми на 3:0. До крајот на дуелит имавме уште неколку обиди, но без големи возбудувања.

5 6 8

Во игра влегоа уште Филип Симев, Бојан Илиев и Дарко Младеновиќ.

Заслужена победа за младинците во првото коло од младинската лига, едноставно избраниците на Ивановски Филип покажаа повеќе од противникот на овој натпревар.