Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи на ФК Вардар со победите против Еуроспорт ја отворија новата сезона во младинските лиги
Пионерските екипи на ФК Вардар со победите против Еуроспорт ја отворија новата сезона во младинските лиги

Пионерските екипи на ФК Вардар со победите против Еуроспорт ја отворија новата сезона во младинските лиги

Пионерските екипи на ФК Вардар со победи се враќаат од гостувањето во Куманово, кај екипата на Еуроспорт. Денес стартуваше натпреварувачката сезона во младинските лиги, а вардаровите надежи ги освоија бодовите на ова гостување.

Најпрво на теренот излегоа помладите пионери на Еуроспорт и Вардар, а победата им припадна на црвено-црните. Момците на Драган Стефановски-Гаге стигнаа до висока победа, која беше изразена со резултат 0:5. Уште во 5.минута од дуелот успеваме да го отвориме резултатот преку Арбин Курти кој ни донесе водство од 0:1. Имавме офанзива на овој натпревар, и често создававме шанси кон домашниот гол. Во 22 минута преку Филип Јовановски поведовме и со 0:2, додека со првиот гол и на Никола Величковски во 29 минута имавме убедливи 0:3. Овој резултат беше актуелен и по одигрување на првото полувреме.

Во вториот дел имавме контрола на играта, високото водство ни даваше простор да постигнеме уште некој погодок. Во 55 минута постигнавме гол за 0:4, а стрелец на истиот беше новото засилување, Марко Стојилевски, кој денес слави свој роденден. Конечните 0:5 на овој натпревар ги постави Филип Јовановски кој денес го постигна својот втор гол.

Вардар: Илиевски, Серафимов, Здравковски, Стојилевски, Кулуковски, Јовановски, Спасиќ, Величковски(c), Цветков, Кузмановски и Курти.

Во игра влегоа уште и Антевски, Ристовски, Цикарски и Николовски.

До службена победа стигнаа пионерите предводени од Рап-Тап. Сепак двете екипи одиграа пријателски натпревар кој го добија нашите момци со резултат 0:2. Стрелци на головите беа Огнен Здравкоски и Игор Јаневски.