Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Двата тима на Вардар трумфално против женските тимови, Димитровски блесна во „А“, во „Б“ Мартин Митиќ со рекорд

Куглање: Двата тима на Вардар трумфално против женските тимови, Димитровски блесна во „А“, во „Б“ Мартин Митиќ со рекорд

Двата тима на кугарскиот колектив „Вардар„ одиграа мечеви од 2.коло во македонската кугларска лига. За ривали ги имавме екипите ЖКК ГТЦ и ЖКК Пелистер, во двете соочување со тимовите на дамите дојдовме очекувано до победи со максимални 8:0 на овие натпревари одиграни во „Мусандра“.

Вардар(А) ја совлада екипата на ЖКК ГТЦ Мусандра со 8-0 соборувајќи над 3200 дрва. Дарко Димитровски имаше прв скор со  586 соборено чуња, со тоа има најдобро постигнување во ова коло во цела лига. Одличен меч одигра и  Згонц, искусниот куглар имаше 561, а 521 имаше Ристевски Коста.

Митиќ Мартин со личен рекорд

Митиќ Мартин со личен рекорд

Екипата на Вардар(Б) ја совлда екипата на ЖКК Пелистер со максималне резултат. Влатко Стојановски беше најдобар во тој меч со 562 „соборени дрва“, особено добар меч имаше младиот Мартин Митиќ. Со бројка 546 тој постави личен рекорд во сениорската лига. Честитки за двата вардарови колективи.