Денес на терениот во “Скопско поле“ се одигра натпревар од осмото коло во првенството на младинските фудбалски категории. Екипите на Металург и Вардар ги поделија бодовите, играјќи со нерешен резултат 1:1. Стрелец на единствениот гол за Вардар беше Александар Трајчевски.
Тренерот Влатко Колев започна со следниот состав: Зибери, Џуклески, Јордановски, Серафимов, Насковски, Дишлиевски, Кировски, Петревски, Трајчевски, Стоименов, Шкор.
Во игра влегоа уште Дејан Маркоски и Христијан Стојчевски.
Се на овој натпревар се случи во првите 13 минути. Најпрво во осмата минута екипата на Металург постигна гол и го отвори резултатот за 1:0. Сепак радоста на тимот од Железарница не траеше долго време, бидејќи во 13 минута Трајчевски го израмнува резултатот на 1:1. Овој резултат на крај се покажа како конечен. Вардарци до крајот имаа уште неколку прилики за гол, но резултатот остана непроменет. Ова е прв нерешен резултат за кадетите на Вардар оваа сезона. Имаат и шест победи и еден пораз.