Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > “Петарда“ во мрежата на Шкупи, Вардарци од генер. “2002“ со убедливо издание на денешниот меч
“Петарда“ во мрежата на Шкупи, Вардарци од генер. “2002“ со убедливо издание на денешниот меч

“Петарда“ во мрежата на Шкупи, Вардарци од генер. “2002“ со убедливо издание на денешниот меч

Вардаровата генерација родени “2002“ година во рамките на регионалната лига одиграа натпревар со екипата на Шкупи. Избраниците на Петар Ѓорѓиевски издвојуваа убедлива победа со резултат 5:0.

Првите 11-сетмина за Вардар беа: Величковски, Костовски, Ѓурковски, Петејчук, Крстевски, Трајановски, Илиевски, Фазлиу, Игнатов, Салиу, Омерагиќ.

Нашите млади надежи уште од почетокот притиснаа на противничката половина. Првиот гол дојде преку Марио Илиевски, кој доби употреблива топка од десната страна, Илиевски беше присебен само ја смири и упати силен удар во левиот агол од голот на Шкупи, за почетно водство од 1:0. Истиов играч имаше нов обид, но биеше над противничкиот гол. Илиевски денес беше наш најрасположен играч, уште еден гол зад неговото име. Повторно добива топка од своите соиграчи, Илиевски излегува сам со голманот и ја сместува топката во мрежата за водство од 2:0. Шкупи речиси и да не се закани кон нашиот гол, па така Величковски немаше многу работа во овој дел од мечот. Следи нова акација на Вардар, овој пат Илиевски како асистент до Леонид Игнатов, овој умешно се снајде и бие прецизно за веќе убедливи 3:0.

vardarfans-pobeda

Првата посериозна шанса, противникот ја имаше во вториот дел кога ја погоди стативата од нашиот гол. Сепак Вардар продолжи со офанзивната игра и во вториот дел, што резултираше со нов погодок. Втор гол на овој меч за Леонид Игнатов. Најпрво биеше Александар Ѓурковски, голманот одбрани, а на одбиената топка наиде Игнатов кој ја смести во мрежата на Шкупи, за резултат од 4:0. Веќе петарда во мрежата на Шкупи, гол од прекин за Виктор Крстевски, за веќе убедливо водство од 5:0. Овој резултат на крајот се покажа и како конечен.

Добра игра за нашите млади надежи, кои доминираа во текот на целиот меч и на крајот заслужено победија.