Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на ФК Вардар со лекција за Металург, пет голови во противничката мрежа за потврдување на првото место на табелата
Младинците на ФК Вардар со лекција за Металург, пет голови во противничката мрежа за потврдување на првото место на табелата

Младинците на ФК Вардар со лекција за Металург, пет голови во противничката мрежа за потврдување на првото место на табелата

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар и по осум одиграни кола остануваат на првото место, со максимален број на освоени бодови. Денес на теренот во “Скопско поле“, црвено-црните забележаа убедлив триумф против екипата на Металург. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 0:5.

Тренерот Марковски го започна натпреварот во следниот состав: Трајчевски, Т. Тодороски, Ричков, Исмаил, Личина, Димков, Додевски, Беќири, Димитровски, Даци, Стојчевски.

Голеадата на Вардарци започна уште во 10 минута, кога Ердон Даци погоди за водство од 0:1. Вардар беше за класа подобар на денешниот натпревар, а тоа го покажува и конечниот резултат. Во 34 минута успеваме да зголемиме на 0:2 со голот на капитенот Есмин Личина. До крајот на првиот дел ги решивме сите дилеми околу конечниот победник, кога со вториот гол на Даци поведовме со 0:3. Со овој резултат се замина на полувреме.

Ништо поразлично не се случуваше ниту во вториот дел. Вардар и покрај убедливото водство продолжи да го напаѓа голот на противникот. Веќе во 53 минута стигнуваме до предност од 0:4, со голот на Јасир Беќири. До крајот на натпреварот уште еден гол во мрежата на Металург, дело на Дарко Додевски во 69 минута од натпреварот.

Одлична игра за нашиот младински состав, кој го задржува стопроцентниот ефект во лигата.