Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Мавсар за Вардар Фанс: Задоволна сум што победата остана дома и што имавме голема поддршка од трибините
Мавсар за Вардар Фанс: Задоволна сум што победата остана дома и што имавме голема поддршка од трибините

Мавсар за Вардар Фанс: Задоволна сум што победата остана дома и што имавме голема поддршка од трибините

Вардарки го покажаа своето вистинско лице на натпреварот против Лајпциг и издвојуваа убедлива победа. За разлика од мечот против ФТЦ Будимпешта каде игравме само со нерешен резултат, црвено-црните покажаа дека тоа беше само еден лош ден и натпревар. На вистински начин онака како што им доликува го одиграа целиот меч против Лајпциг и славеа со високи 41:24. Најновото засилување за нашиот ракометен шампион кој летово пристна од Крим, словенската репрезентативка Тамара Мавсар постигна пет гола во победата против шампионот на Германија. Таа за нашиот сајт ги сподели впечатоците од убедлиливиот триумф, кој беше прв за Вардар во новата сезона.

-Задоволна сум што победата остана дома и што имавме голема поддршка од трибините. Сите знаевме дека на “хартија“ сме подобри, но беше потребно тоа да го докажеме и на теренот, бидејќи екипата на Лајпциг има доста искуство од играњето во лигата на шампионите и тоа добро го покажаа. Морам да напоменам дека на моменти игравме многу добро, едноставно и постигнавме неколку лесни голови од полуконтри и контри. Но треба да поправиме некои работи, пред се во одбраната. Кога ќе го погледнеме резултатот, навистина направивме голема разлика на крајот, но како што напоменав има уште работи кои треба да се поправат и верувам дека од натпревар на натпревар тие грешки полека ќе ги отстраниме.

Вардар во наредните два натпревари за противник ќе ја има екипата на Астраханочка. Се очекува да се повтори играта против Лајпциг и да се издвојуваат две нови победи.

-Ни претстојат два натпревари против Астраханочка. Иако се млада и нова екипа во лигата на шампиони, никако не смееме да ги потцениме. Со борбеност и желба ги победија Лајпциг, така да треба добро да ги анализираме и да се подготвиме за нив. Верувам дека од Русија ќе заминеме со нови два бода, изјави Тамара Мавсар за нашиот сајт.

Звонко Ивановски