Monday ,21 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардаров ”танц” во Тетово, Гачевски херој на мечот!
Вардаров ”танц” во Тетово, Гачевски херој на мечот!

Вардаров ”танц” во Тетово, Гачевски херој на мечот!

Молк во Тетово. ФК Вардар се враќа од Тетово со три бода. Нашиот тим уште еднаш покажа дека кога е најпотребно тогаш ”меле”. Стрелци на головите беа: Спировски и Николов.
Состави на двата тима: ВАРДАР: Гачевски, Глишиќ, Грнчаров, Новак, Брдаровски, Спировски, Глигоров, Петковски, Фелипе, Којашевиќ, Балотели. Шкендија: Захов, Алими, Цуцули, Ибраими, Хасани, Вујчиќ, Мурати, Жуниор, Положани, Тодоровски, Имери.

Во првите десет минути за одбележување беа два жолти картони на двете страни. Најпрвин, Ибраими одглуми пенал, а потоа прекршок за картон направи и Спировски. Во 11 минута Ибраими имаше голема шанса да го доведе својот тим во предност, но нашиот Гачевски одлично го одбрани овој удар. Во првите 15 минути од дуелот нашиот тим се бранеше и својата шанса за гол ја чекаше од контра напади. Првата можност Вардар ја имаше во 17 минута, но нафрлувањето на Спировски заврши во рацете на Захов. Во 19 минута нашиот тим повторно се закани, но ударот на Глигоров заврши над голот. Во 25 минута Којашевиќ се обиде од над 30 метри, но неговиот удар отиде крај голот на Захов. Се до 34 минута се играше во главно на средината на теренот со неколку закани на двете страни. Гооол на Вардар во 36 минута од мечот, стрелец беше Спировски со прецизен шут од слободен удар. Се до крајот на првиот дел нашиот тим ја превзема иницијативата имаше неколку закани, но по првиот дел остана 0:1 за Вардар.

Во вториот дел Вардар прв се закани во 47 минута, но ударот на Балотели Захов го исфрли во корнер. Потоа следуваше фаза на мечот во која Шкендија напаѓаше а нашиот тим се бранеше и го чуваше водството. Се до 60 минута Гачевски беше јунак на мечот, нашиот голман на неколку наврати одбрани неколку големи шанси на домаќинот. Во 63 минута во игра влезе Николов на местото на Петар Петковски. Во 68 минута Жуниор имаше добра шанса, но неговиот удар отиде крај голот на Гачевски. Гоооол на Вардар во 75 минута од мечот, стрелец на голот беше Бобан Николов за 2:0! Во 83 Хасани упати одличен удар од слободен, но Гачевски одлично брани. Секоја чест за овој меч на нашиот голман. Се до крајот на мечот нашите играчи беа под постојани остри стартови од домаќинот. Крај на натпреварот големи три бода. Секоја чест момци!