Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Женската екипа на РК Делчево генер. “2002/03“ со убедлива победа ја стартуваше новата сезона во “Јуниор“ лигата
Женската екипа на РК Делчево генер. “2002/03“ со убедлива победа ја стартуваше новата сезона во “Јуниор“ лигата

Женската екипа на РК Делчево генер. “2002/03“ со убедлива победа ја стартуваше новата сезона во “Јуниор“ лигата

Денес официјално започна втората сезона на ракометната “Јуниор“ лига. Натпревари се одиграа во Скопје и тоа во големата сала на спортскиот центар Јане Сандански и на Кале.

Во женска конкуренција, кај генерација родени “2002/03“ година во спортско рекреативниот центар Кале се одигра само еден натпревар. Екипата на РК Делчево предводена од Горан Велков беа подобри од РК Кастратовиќ-Вардар. Конечниот резултат гласеше 7:19. Делчево ги постигна првите два гола на натпреварот и поведе со 0:2. РК Кастратовиќ врати на исти начин и за прв пат на овој дуел го израмни резултатот. Сепак од тие моменти започна серијата на погодоци за Делчево, која броеше до 0:8, со што на полувреме се замина со нивно водство од 2:10.

vardarfans-rk-delcevo

Серијата на голови за Делчево продолжи и во второто полувреме, нови два гола во мрежата на РК Кастратовиќ за вече двоцифрена предност од 2:12. Конечно РК Кастратовиќ успева да постигне гол и за момент да ја прекине неефикасноста. До крајот на натпреваро успеаа некако да воспостават рамнотежа на теренот и да не дозволат катастрофален пораз. Делчево беше далеку подобар на овој меч, а РК кастратовиќ влегуваше во голем број на грешки, што на крај ги чинеше пораз.

vardarfans-rk-kastratovik

Успешен старт на сезоната за РК Делчево, школа која располага со квалитетни играчи и прикажува добри игри не само во Јуниор лигата, туку и во младинските лиги каде се натпреваруваат.