Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Николов за Вардар Фанс: Одигравме машки како што му доликува на Вардар и уште еднаш покажавме кој е најдобар клуб во Македонија
Николов за Вардар Фанс: Одигравме машки како што му доликува на Вардар и уште еднаш покажавме кој е најдобар клуб во Македонија

Николов за Вардар Фанс: Одигравме машки како што му доликува на Вардар и уште еднаш покажавме кој е најдобар клуб во Македонија

Нашиот фудбалски шампион уште еднаш покажа кој е најдобриот клуб во Македонија. Избраниците на Гоце Седлоски со три бода се враќаат од тешкото госување во Тетово. По втор пат сезонава го победија својот најголем конкурент, екипата на Шкеднија со резултат 0:2. Сега на табелата Вардар останува првопласиран со пет бодови повеќе од противникот, но со натпревар повеќе. Стрелци на головите беа Стефан Спировски од слободен удар од далечина од 20 метри и младиот Бобан Николов кој влезе во игра од клупата. Токму Николов во изјава за нашиот сајт ги сподели впечатоците од големата победа.

-Изигравме според договореното пред почетокот на мечот. Знаевме дека ќе ги фати еуфорија, поради тоа што играа пред своите навивачи и тоа траеше во првите 15 минути. Го издржавме тој почетен притисок, а потоа на десет минути пред крајот на првото полувреме поведовме со прекрасниот гол на Спировски и го отворивме резултатот. Тоа ни даде дополнителен мотив да се надеваме дека можеме со три бода да се вратиме во Скопје. На стартот на второто полувреме, Шкендија имаше доминација, но на сцена стапи сигурно еден од најдобрите денес, нашиот голман Гачевски кој фати неколку незгодни топки.

Николов се покажа како џокер од клупата, кој беше стрелец на вториот гол кој значеше и победа за Вардар на дербито.

-Тренерот Седлоски реши да ми даде шанса од клупата и не погреши во неговиот избор. Со мојот гол беа решени сите дилеми околу победникот. Одигравме машки како што му доликува на Вардар и уште еднаш покажавме кој е најдобар клуб во Македонија, изјави Бобан Николов за нашиот сајт.

Звонко Ивановски