Thursday ,17 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар победи кај Нексе во меч од СЕХА лигата
Вардар победи кај Нексе во меч од СЕХА лигата

Вардар победи кај Нексе во меч од СЕХА лигата

Вардар е во Хрватска каде вчера одигра меч во Л.Ш со ППД Загреб , а денес одигра меч од регионалната СЕХА Гаспром лига со вториот хрватски тим во истата Нексе. Овој дуел нашите момци го добија со резултат 27-30.

vz2

Домаќините  поведоа први ние веднаш вративме преку Деревен. Се играше гол за гол се до резултат 4-4. Тогаш дојде период во кој домаќините доминираа, направија серија 6-2 и поведуваат со 10-6. Црвено црните веднаш се враќаат во игра и прават серија 0-5. Со голот на Кањелас во 19 минута поведуваме со 10-11. Докрајот во последните минути играме фантастично и постојано ја зголемуваме предноста.  Следи наша серија 1-7 и во 29 минута преку Македа поведуваме со највисоки “плус шест“ 12-18. Докрајот Нексе успева преку Зрниќ да намали на 13-18 , резултат со кој се иде на одмор.

vz3 Вториот дел го почнавме со голот на Циндриќ поведувајќи 13-19. Целиот втор дел се држиме на комотни пет до шест погодоци во одност на Хрватскиот вице-првак. Во  55 минута резулатот е 25-30 во корис за црвено-црните ракометари. Домаќините со головите на Бозиќ и Зрниќ намалуваат на 27-30 пред почетокот на последните две минути. Сепак успеавме да издржиме до крајот и да мирно го приведеме мечот токму со овој резултат. Најефикасен кај нас беше Лука Циндриќ со девет погодока.