Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардар триумфално со ГТЦ, “Димитровски-Влаќевски“ повторно држеа кугларски лекции
КУГЛАЊЕ! Вардар триумфално со ГТЦ, “Димитровски-Влаќевски“ повторно држеа кугларски лекции

КУГЛАЊЕ! Вардар триумфално со ГТЦ, “Димитровски-Влаќевски“ повторно држеа кугларски лекции

Викендов на програмата беше второто коло во Македонската кугларска лига-МКЛ. Во истото нашиот црвено-црн кугларски колектив се сретна со екипата на кугларскиот тим “ГТЦ Мусандра“. Избраниците на Драги Димитровски дојдоа до првата победа оваа сезона одкако во првото коло беа поразени од КК Макпетрол во дербито. Со екипата на КК ГТЦ Мусандра нашиот КК Вардар однесе победа со 3-5.

Во овој меч ние условно бевме гости во кугларницата Мусандра во која од сезонава ќе ги играме домашните дуели.  Вардарци имаа 3407 “соборени дрва“, апак домаќините останаа на 3269 “дрва“. Победивме со 3-5 (9-15 во сетови).  Дуото Влаќевски-Димитровски повторно доминираа и делеа “кугларски лекции“ и двајцата отидоа над 600-тотини “чуна“. Вардаровиот бисер Димитар Димитровски повторно беше број 1 во нашиот состав, тој впиша скор од 619. Веднаш зад него стандардно е Бојан Влаќевски кој собори 605 “дрва“. Искусниот Миле Димковски имаше 556, апак Донковски Младен имаше скор од 555. Повторно добра партија сезонава има Дарко Димитровски кој отиде на 551. Згонц на овој дуел со ГТЦ собори 521 “дрва“. Во следното  коло гостуваме во Битола кај екипата на КК Хераклеа во сабота на 29/10/2016. Овој дуел ќе се игра со почеток во 11-00 часот.