Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 17 години Добринко Илиевски повика тројцата вардарци од нашиот пионерскиот состав за квалификациите за Европското првенство. Македонската селекција У-17 во квалификациите ќе игра мечеви со селекциите на: Србија, Италија и селекцијата на Албанија.
Од фудбалскиот клуб Вардар се повикани голманот на пионерите Методија Велковски кој после одличните игри во пионерската лига и куп добива повторно покана за црвено-жолтите. Повикани се и двајца играчи, од одбраната е повикан Филип Антовски, а од нападот на црвено-црните за селекцијата е повикан Саит Битиќи. Прв меч кој не очекува е тој со Србија на 26/10/2016. Потоа играме тежок меч со Италија на 28/10/2016, а последен дуел три дена потоа е со Албанија. Мечот со западниот сосед на Македонија ќе се игра на 31-ви месецов. Ова е потврда со каков квалитет располага нашата Академија, за напомена пионерите лани беа шампиони во купот и првенството, а и сезонава се на добар пат тоа да го повторат.