Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на Вардар испуштија победа, Академија Пандев постигна гол во судиското надополнување
Кадетите на Вардар испуштија победа, Академија Пандев постигна гол во судиското надополнување

Кадетите на Вардар испуштија победа, Академија Пандев постигна гол во судиското надополнување

Кадетите на ФК Вардар и Академија Пандев ги поделија бодовите во последното есенско коло. Црвено-црните имаа водство се до последната минута од дуелот, кога гостите од Струмица постигнаа гол и ги поставија конечните 1:1 на овој меч.

Тренерот Таневски стартуваше со следните 11-сетмина: Андов, Ѓурковски, Манасиевски (c), Зендели, Мирчевски, Ристовски, Цури, Андоновски, Митревски, Игнатов, Спировски.

4

Во првото полувреме не видовме многу шанси, па после 45 минути игра резултатот беше оној почетниот 0:0. Се играше по средината на теренот и двете одбрани беа сконцентрирани и не дозволија поголема опасност по нивните голови. За одбележување е стативата која ја погоди гостинскиот тим од Струмица, како и еден нивни удар кој заврши покрај нашиот гол. Кај Вардар најдобрата прилика ја имаше Леонид Игнатов, кој при една мешаница во противничкиот шеснаесетник биеше покрај голот на А.Пандев. По првото полувреме резултатот е 0:0.

2

Прва измена направи тренерот Таневски во вториот дел. На местото на Андоновски во игра е Миленковски. Црвено-црните во својата прва поконкретна прилика успеваат да постигнат гол и да поведат со 1:0. По само пет минути игра во вториот дел, Давид Ристовски е играчот кој успеа да ја затресе мрежата на струмичани за водство од 1:0. Половина гол се прешишува на капитенот Филип Манасиевски кој сам повлече од својата половина дојде до противничкиот шеснаесетник ја сврти топката, која стигна до Ристовски кој умешно ја смести топката во голот. Добар на нашиот гол вообичаено е Матеј Андов, кој успеа да одбрани силен и незгоден удар на еден од противничките играчи и да исфрли во корнер.

3

По две минути нов обид на А.Пандев и повторно на место е репрезентативниот чувар на мрежата, Матеј Андов. Втора измена кај Вардар, од игра излезе Ристовски, на негово место е Бојковски. Гостите од Струмица се заканија од прекин, но одбрани Мате Андов. Нашите кадети “прокоцкаа„ два бода, откако примија гол во судиското надополнување и тоа после нафрлена топка од конер. Во последните пет минути направивме и две измени, со цел побрзо да помине времето. Во игра влегоа Рушити и Попоски, на местото на Игнатов и Спировски. Сепак среќата не беше на нашата страна, па Академија Пандев во последната минута од натпреаврот успеа да извлече бод, за конечни 1:1 на овој дуел од кадетската супер лига, последно коло во есенскиот дел од сезоната.