Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Карачиќ: Иако имаме многу повредени играчи, секогаш успеваме да победиме и да покажеме карактер на ваквите натпревари
Карачиќ: Иако имаме многу повредени играчи, секогаш успеваме да победиме и да покажеме карактер на ваквите натпревари

Карачиќ: Иако имаме многу повредени играчи, секогаш успеваме да победиме и да покажеме карактер на ваквите натпревари

Вардар продолжува со победите, откако славеше и на гостински терен против екипата на Железничар. Иако преполовени што се однесува до играчкиот кадар, сепак избраниците на Парондо и на овој дуел собраа сили и пред се покажаа карактер на победници. Мора да се напомене дека во најголем дел од натпреварот имавме водство, освен во првите 7 минути од дуелот, кога домашниот тим имаше подобар старт на натпреварот. Сепак како течеше мечот работите си дојдоа на свое место, иако домаќинот не се предаваше и постојано ја намалуваше негативата, сепак Вардар беше посконцетриран на крајот успеавјќи да освои нови бодови. За официјалната страна на СЕХА, средниот бек на Вардар, Игор Карачиќ даде свои видување за овој дуел, напоменувајќи ги проблемите околу составување на тимот на последните неколку натпревари.

-Имаме многу проблеми со составување на тимот, па само ја чекаме паузата за да се средат работите. Сигурно дека и на нашиот тренер не му е лесно да искомбинира со овој ростер што го има на располагање. Имаме проблеми и со позицијата лев бек, сигурно дека не е проблем да се одиграат 2-3 утакмици, но сезоната е многу тешка за нас. Во лигата на шампионите ја завршивме годината на второто место во групата, тука многу се истрошивме. Оваа полусезона ротираме со 8-9 играчи, што воопшто не е ни малку лесно да се игра на високо ниво на силните Европски натпревари. Сигурно дека сето ова доаѓа до израз, но драго ми е што славевме на овој меч под вакви околности.

До крајот на оваа година останува да одиграме уште два натпревари. Веќе следниот е во среда на домашен терен против екипата на Татран Прешов. Карачиќ верува дека во составот за овој дуел ќе се вратат некои од ракометарите, како Стоилов и Дибиров, и дека ќе прикажеме подобра игра.

-Секогаш успеваме да победиме и да покажеме карактер на ваквите натпревари. Не го потценивме тимот на Железничар, знаевме дека играат убав ракомет а донесоа и неколку квалитетни засилувања. Среќни сме што и на овој, како и на мечот против Металург, бодовите завршија кај нас. Сега не очекува дуел на домашен терен против Татран Прешов, се надевам дека некои од играчите ќе се вратат за овој дуел и дека ќе бидеме малку подобри од последниве два натпревари.